ВМРО-ДПМНЕ и денеска блокираше улици

by fokus

Со по неколку десетици демонстранти и паркирани автомобили, ВМРО-ДПМНЕ и денеска блокираше три раскрсници во Скопје и низ неколку други градови.

Во Скопје блокирани беа раскрсницата пред Градска болница, раскрсницата пред ТЦ Мавровка и раскрсницата пред НИП Нова Македонија.

Протестите се одржуваат од мотото „Доста е, излези за Македонија“, а против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Поврзани новости