1.3K
Снимки направени од граѓани кои живеат во близина на кафулето „Мош“ во центарот на Скопје покажуваат дека работи и вечерва со гласна музика и со многу гости.
Кафулето е во центарот на вниманието откако беше објавено дека Пазарниот инспекторат поднел кривична пријава по синоќешното гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев поради непочитување на мерките и протоколите за Ковид-19.
Подоцна беше соопштено дека кафулето е затворено поради пречекорување на работното време, но денес, според сведоштвата на локални жители, тоа повторно работи.