1.3K
Министерството за внатрешни работи затвори цивилно стрелиште во Гази Баба поради неовластена продажба на муниција и приведе три лица.
Нелегалната продажба била констатирана за време на контрола во стрелиштето од каде е приведено и одговорното лице против кое ќе се поднесе и кривична пријава.
Останатите две лица кои се опфатени во истиот случај, биле приведени при контрола на нивните возила. Во возилото на едното лице пронајдени биле 200 куршуми со калибар 7,62, додека во другото имало 100 куршуми со калибар 9 милиметри.