Сибир гори и ослободува екстремно токсичен чад

by fokus

Топлинскиот бран во еден од најстудените региони на светот предизвика шумски пожари и му се закани на сибирскиот град Јакутск со апокалипса во облик на густ отровен чад.

Се смета дека високите нивоа на честички, а можеби и хемикалии, вклучувајќи озон, бензен и цијановодород, ќе го направат ова едно од најголемите глобални загадувања на воздухот во историјата. Локалните власти предупредија 320.000 жители да останат во затворено за да го избегнат задушувачкиот чад од пожарите кои може да го соборат минатогодишниот рекорд.

Сателитска анализа покажува дека во последните денови нивото на ПМ2,5, односно малите честички кои можат да влезат во крвотокот и да ги оштетат човечките органи, пораснале над 1.000 микрограма по кубен метар, што е 40 пати повеќе од препорачаните безбедносни нивоа на Светската здравствена организација.

Поврзани новости