Затвoреници од затворот „Идризово“ сведочат дека завршиле со скршеници откако биле нападнати и претепани од полицијата.
Како што пренесува ТВ Телма, дел од затворениците со кои контактирале, тврдат дека биле малтретирани, а заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи, потврдил дека е повикана Итната медицинска помош и дека информации ќе има откако сè ќе заврши.
„Не прашуваат кој си, што си – почнуваат одма со ќутек, од прв до последен. Над 150 души сме тепани. Има камери од видеонадзорoт, сè може да се види, како нè малтретираат физички и психички. Сè ни искршија, телевизори, јадење, алишта ни земаа, не тераат да ги собираме да ги фрлиме во ѓубре. И ќутек колку можат удираат, а има над сто повредени со глава скршена, раце, нозе, заби скршени“, вели еден затвореник во телефонска изјава за ТВ Телма.