Затвореник со нож повредил двајца полицајци откако бил прегледан во болницата во Прилеп

by Fokus

Затвореник од Казнено-поправната установа во Прилеп повредил двајца полициски службеници кои требало заедно со уште еден затвореник да ги спроведат од Општата болница во Битола до затворот.

Инцидентот се случил вчера околу 16 часот во кругот на Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп кога полициските службеници со службено возило требало по завршување на лекарските прегледи на затворениците, да ги вратат до затворот во Прилеп. Во моментот кога затвореникот Р.С. требал да се качи во возилото, извадил нож и почнал да заманува кон полицајците.

Двајцата затвореници Р.Т. и Р.С. се вратени во затворот во Прилеп, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

Поврзани новости