394
Дваесет и двегодишен затвореник пробал да се самоубие во затворот во Куманово, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 16,30 часот телефонски во Секторот за внатрешни работи Куманово, Б.П. вработен како надзорник во Казнено поправната установа “Затвор Куманово“ с.Кшиње пријавил дека во затворот, лицето А.И. (22) од Свети Николе, се обидел да се самоубие на тој начин што во тоалетот кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.
Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.