Го паркирал возилото пред куќата на соседот, тој го исекол со нож

by Fokus

Пеесет и четиригодишен скопјанец пријавил дека соседот го прободел со нож, оти го паркирал возилото пред неговата куќа, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 13,00 часот во Полициската станица Драчево, У.И. (54) пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот додека го паркирал неговото товарно моторно возило на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј. излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите. У.И., според пријавата, се упатил во неговиот двор, а по кратко време З.Ј. излегол од домот и се упатил кон товарното моторно возило, при што У.И. го видел и сакал да го спречи, а по него тргнал и неговиот син А.И. Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Поврзани новости