Затвореник од Идризово вчера е повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

by Fokus

Затвореник кој е на ослужување на затворската казна во затворот Идризово вчера учествувал во сообраќајна несреќа во Скопје, меѓу автомобил и моторцикл. Тој го управувал моторциклот, а во несреќата се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен на лекување на скопските клиники, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.’Лазар Трповски’ со ул.’ Методија Митевски’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘рено’, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл ‘априлиа’, управуван од Р.Ј.(28) од село Арачиново, скопско.

Двете возила се со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор“, соопшти МВР.

Поврзани новости