539
Над 3000 инспекциски надзори се направени во последните неколку дена, информираше претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.
Како што истакна таа, затворени се 5 угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица, а за тие од Охрид и Струмица ќе следат кривични пријави. Исто така, таа истакна дека се утврдени 5 прекршоци за непочитување на замрзнати цени а дополнително се запечатени 3 кафемати во Штип.
Најголем дел од правните субјекти, порача таа, ги почитуваат мерките на Владата за спречување на вирусот.