Затворен „Сектор 909“, сопствениците тврдат дека тоа е на политичка основа

by Фокус

На ноќниот клуб Сектор 909 му е одземена лиценцата за работа пред таа да истече и клубот е затворен. Сопствениците тврдат дека затворањето на едно од најурбаните места во Скопје е на политичка и бизнис основа.

-Сектор 909 сака да ја извести јавноста и својата публика која е континуирано со нас во изминативе 15 години дека одредени групации здружени на политичка и бизнис основа прават натчовечки напори за да го задушат и уништат урбаниот ноќен живот во Скопје, притоа непочитувајќи ги сите закони и неводејќи сметка за општествениот културен живот и придонес кој клубот го има како нераскинлив дел од Скопје, се вели во соопштението од сопствениците.

На клубот му е одземена лиценцата за работа, иако нејзината важност не е истечена. Сопствениците велат дека не добиле никакво објаснување, а ова бил настан без преседан во правото – ретроактивно одземање на легално издадена лиценца.

-Во изминатиот период од овие групации третирани сме како пречка во остварување на личните финансиски интереси на поединци кои прават се за да згасне она што на Скопје му е потребно и го заслужува – ноќен живот кој го доближува до европските метрополи, стои во соопштението.

 

Поврзани новости