ГЕРМАНСКА АМБАСАДА: Правна разрешница на обвиненијата за тешките престапки од прислушвањата!

by Фокус 17:15
17:15

Што се однесува до договорите од 2 јуни и 15 јули 2015 година, Амбасадата на Сојузна Република Германија има големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител на 15 септември.

Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сéопфатна правна разрешница на обвиненијата за тешките престапки кои произлегуваат од телефонските снимки.

- Advertisements -

Само на тој начин веродостојноста на институциите на земјата, кои се соочуваат со тешки обвиненија, повторно може да биде вратена. Амбасадата очекува дека специјалниот обвинител ќе може да ги врши своите надлежности во рамките на потполна автономија, која му е гарантирана од страна на партиите со договорот од 15 јули и да има пристап кон сите материјали, кои се релевантни за неговите истражувања.

Излез од политичката криза е можен само со потполна и навремена имплементација на сите чекори усогласени во договорите.

Амбасадата се надева дека службите за кривично гонење и судовите на земјата ќе ги решаваат постапките во врска со телефонските снимки според важечките национални и меѓународни прописи , а воедно да го сторат тоа на начин, кој овозможува сéопфатно истражување и разрешување.

Притоа, Амбасадата со внимание и интерес ја следеше првостепената одлука од 1 септември (Основен суд Скопје 1).

 

Поврзани новости