Затворен објект во Скопје, приведени 47 лица

by Fokus

Вкупно 47 лица се приведени синоќа, откако биле затекнати во локал, кој бил затекнат како работи после 18 часот, спротивно на препораките на владата за заштита од корона вирусот.

„На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на улица “Ѓорѓи Поп Христов” во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објектот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инспекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од МВР.

Поврзани новости