Партиите доставија предлози за состав на ДИК, ќе го сочинуваат четворица нови и тројца актуелни членови

by Fokus

Парламентарните партии кои освоија најмногу гласови на минатите избори СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ до претседателот на Собранието доставија информации со поддршка за кандидатите за членови на Државната изборна комисија (ДИК). До Кабинетот, до 10 часот не беше пристигнат официјалниот предлог од Алијанса на Албанците.

СДСМ информирала дека ја дава поддршката на Борис Кондарко и Радица Ристеска, кои се актуелни членови на Комисијата, како и на Оливер Ристовски, поранешен заменик министер за правда.

ВМРО-ДПМНЕ веќе соопшти дека професорот Александар Даштевски ќе го предложи за претседател на ДИК, а поддршка дадоа и за Бобан Стојаноски, кој работи како правник во Собранието.

ДУИ ја поддржала кандидатурата на Дитмире Шеху, актуелен потпретседател на ДИК, која е предложена да остане на оваа функција.

Алијанса на Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, според партиски извори, ќе го поддржи Кренар Лога, правник од Струга.

Поврзани новости