698
Сите 13 ученици и еден професор од средното училиште „Арсениј Јовков“ се пуштени на домашно лекување откако вчера биле примени на Клиниката за токсикологија и во градската болница „8-ми Септември“ со симптоми на кашлање и задушување.
Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од две непознати лица.
На институтот за судска медицина ќе бидат направени анализите и испитувањата кои треба да покажат за каква материја станува збор, а се очекува МВР дополнително да ги соопшти деталите и да излезе со информации по направениот увид.