Заталкан куршум заврши во прозорец на касарна „Илинден“

by fokus

Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло.

Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 23 часот, а бил пријавен во 23.35 часот.

Повредени нема, а од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

Поврзани новости