462
Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло.
Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 23 часот, а бил пријавен во 23.35 часот.
Повредени нема, а од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.