Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

by vlatko 17:05
17:05

Вчера во СВР Скопје, М.П.(30) од Скопје пријавил дека забележал оштетување од заталкан куршум од огнено оружје на кровот на патничко возило „фиат“ со скопски регистарски, паркирано во неговиот двор на подрачјето на Чаир во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.

Слични вести