405
Заменик директорот на УЈП, Аргетим Асани, денеска бил застрелан пред хотелот Дрим во Струга. Немииот настан се случил околу 13.30 часот во центарот на Струга, кога од возило во движење, со неколку куршуми бил застрелан Асани.
По инцидентот полицијата го блокирала местото и врши увид, а Асани е префрлен во болница. Тој е од редовите на ДУИ и е заменик на Горан Трајковски од 2013 година.