Застаре и делото „злоупотреба“ на Јанакиески за „Талир“, сепак нему и на останатите обвинети ќе им се суди за „перење пари“

by fokus

Обвинителството предложи, а судијата на наредното рочиште ќе констатира застарување и на делото „злоупотреба на службенета положба“ за поранешниот министер, Миле Јанакиески за случајот „Талир“.

-Со оглед на измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година кои се однесуваат на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба“ од членот 353, сметам дека во конкретниот случај за обвинетиот Миле Јанакиески има основ за примена на тие измени како поблаг закон. Јанакиески, согласно обвинението, се товари по член 353, став 4, за дејствија што ги презел во мај во 2013 година. Имајќи ги предвид новите казни за ова дело, а во корелација со членовите 107 и 108 од КЗ, сметам дека има основ да се применат како поповолен закон за обвинетиот и му предлагам на судот да донесе одлука, рече Ристовска на почетокот на денешното рочиште за „Талир“, јавува Телма.

Сепак на Јанакиески ќе му се суди за „перење пари“ дело кое не го опфатија измените на Кривичниот законик. И другите обвинети одговараат за перење пари. Илија Димовски и адвокатот на ВМРО ДПМНЕ бараа судот да утврди дека и ним им застарува гонењето. За обвинителката ова е неосновано. Според неа за Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и Леко Ристовски перењето пари застарува на последниот ден од 2035, а за партијата ВМРО ДПМНЕ на крајот од 2026.

Судењето за Талир следното рочише ќе почне од почеток поради промена на еден од поротниците. Од одбраната ќе зависи дали повторно ќе се изведуваат сите докази и ќе се повикуваат сите сведоци или пак тоа ќе се стори само формално, за процесот да продолжи без одолговлекување, таму каде што застана сега. Судењето за Талир почна во март 2020 година, а на Груевски му се суди во отсуство. Предметот Талир 2 кој е поврзан со седиштето на ВМРО ДПМНЕ пред Апелциониот суд.

Поврзани новости