563
Застаре и делото на поранешниот премиер Владо Бучковски за случајот со тенковски делови. Предметот започна во 2007 година, а ова беше трето судење.
-На денешното рочиште за „Тенковски делови“, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, објави Коалицијата за правично судење.