Развлекував кабел и одлично заработував – Здравко Чолиќ откри како живеел по снимањето на албумот „Ти си ми во крвта“

by fokus

Ако денес е познат како еден од најплатените музичари во регионот, кој за настап од два часа добива хонорар од околу 50.000 евра, Здравко Чолиќ во минатото имал период кога заработувал развлекувајќи кабли, односно се занимавал со програма поврзана со телефоните двојници, кои беа популарни во минатото.

Во емисијата на Оливера Ковачевиќ, тој детално раскажува за тој период од животот, кој се случувал набргу откако го снимил албумот ,,Ти си ми во крвта”.

-По албумот дојде до една пауза, со ортак од Загреб направивме ПТТ програма за поштата. Се занимаваме со телефоните двојници, поставувавме кабли и кутии кои ги раздвојуваа сопствениците на двојниците. Беше тоа одлична работа, но постојано некој глас ми кажуваше – Не си ти за ова, врати и се на музиката – раскажа Чолиќ.

Тој откри дека четири години буквално развлекувал кабел,но и одлично заработувал од тој бизнис.

-Пред војната се пукна. Јас пред тоа се вратив во Сараево. Не сакав повеќе да се занимавам со тоа, а голема заслуга има и Горан Бреговиќ. Со него веднаш започнав да работам на албум – се присети музичарот.

Тој е чест гостин во Македонија. Неговиот последен голем концерт се случи во септември, на градскиот плоштад во Кавадарци, на манифестацијата Тиквешки гроздобер 2019.

Вики Клинчарова

Поврзани новости