Засега не се планираат нови антиковид-мерки

by Фокус

Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот, состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

-Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно дневните Ковид статистики – рече Мехмедовиќ.

Поврзани новости