Британските експерти тврдат дека можеби ќе можете да го слушнете првиот знак на варијантата омикрон пред да ви се појават другите симптоми. Според д-р Анџелик Коетзи, лекарка од Јужна Африка, која прва го откри овој сој, вообичаените симптоми на мутантниот омикрон се болки во мускулите, замор, гребење во грлото и ноќно потење.
Пациентите пријавиле дека гласот им станал зарипнат, и покрај тоа што ниту пееле ниту викале.
Честопати овој несакан ефект, кој е предизвикан од чешање, а не од болки во грлото, доаѓа пред другите симптоми, како што се затнат нос, сува кашлица и болка во долниот дел на грбот.
Овие знаци се разликуваат од симптомите на првобитниот сој откриен пред две години.
Како и алфа и делта пред него, омикрон предизвикува специфична низа симптоми.
Благодарение на податоците обезбедени од луѓето што се заразени со вирусот, лекарите можат да ги откријат знаците што ќе „издадат“ дека сте заразени.
Во случајот со омикрон, ова вклучува и еден знак што може да го слушнете, наместо да го почувствувате.
Научниците што ја воделе апликацијата за проучување на симптомите на ковид во Зои и Кингс колеџ откриле дека првите пет симптоми на омикрон се течење на носот, главоболка, замор (или благ или голем), кивање и проблеми со грлото.
Тие подоцна откриле дека само 50% од луѓето со омикрон биле погодени од трите класични симптоми на коронавирусот: треска, кашлица и губење на чувството за мирис или вкус.
Меѓу другите симптоми што ги пријавиле заразените со омикрон се губење апетит, деконцентрираност и запек.
Една студија на Империјал колеџ, исто така, покажа дека луѓето што се заразиле со омикрон имаат до 20 отсто помали шанси да бидат примени во болница од оние што добиле делта.
Исто така, беше откриено дека шансата да се остане во болница преку ноќ е уште помала, со намален ризик до 45 проценти.
Сепак, бројот на заразени сега е толку висок што болниците би можеле да забележат притисоци слични на минатиот јануари.