СДСМ: Арсовска тројно го намали буџетот против загадување

by Fokus

Од владејачкиот СДСМ велат дека Данела Арсовска за Секторот за животна средина во буџетот на Градот за 2022 година предвидела три пати помалку средства во споредба со оваа 2021 година.

Иако градоначалничката Данела Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето, додаваат од СДСМ, таа го намалува буџетот за животна средина од 213 милиони денари, колку што изнесува оваа година, на 73 милиони денари во 2022 година.

Истовремено, потсетуваат од оваа партија, Арсовска го укина БРТ системот кој е еколошки проект за јавен превоз.

-Со ваков пристап нема борба против загадувањето, нема чист воздух. Благодарение на мерките спроведени од централната и локалната власт на СДСМ во изминатите четири години, аерозагадувањето во Скопје се намали за 33 отсто, посочуваат од партијата на власт.

Дополнуваат дека, Град Скопје и градоначалничката, треба да престанат да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, за исполнување на она што Данела Арсовска им го ветила на граѓаните.

Поврзани новости