793
Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на новиот опасен вирус, Ковид 19, пренесуваат од ТВ 24.
Останатите деца од групата се во изолација заедно со воспитувачката и негователката, а детето вирусот го добило од надворешен контакт. Во групата биле четири деца, а три требало да тргнат во градинка од 1-ви октомври.
Останатите деца и негователките немаат никакви симптоми, но веројатно ќе бидат тестирани на корона вирус, пред да продолжи нивното згрижување во градинката.