Приведена дилерка на кокаин во Тетово која ја продавала дрогата додека била на работа

by Fokus

Во заедничка акција на полицијата во Тетово и Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР вчера е уапсена 45-годишна тетовка, кај која се пронајдени 14 паковки кокаин.

Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опојни материи при МВР, во соработка со полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Тетово вчера околу 18.30 часот ја лишиле од слобода В.Р. (45) од Тетово, дилерка на кокаин.

– При извршен личен преглед кај неа биле пронајдени 14 паковки со кокаин, подготвени за продажба, а при претреси во нејзиниот дом во Тетово и во објект во центарот на Тетово, во кој пријавената работела, извршен подоцна со судска наредба, биле пронајдени кокаин и бела прашкаста материја, кои ги продавала и додека била на работното место, информираат од МВР:

В.Р. е задржана во Полициска станица Тетово и против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Поврзани новости