Заработила тешки телесни повреди во сообраќајка во Аеродром

by Фокус

Нa крстосница на булевар Јане Сандански и улица Васко Карангелевски вo Аеродром вчера попладне дошло до судир помеѓу Пежо 106 со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С. (30) од Скопје, и патничко возило Цитроен Ц3 со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (36) од Куманово.

Како што соопшти МВР, со повреди се здобиле возачите, како и сопатничката во возилото Цитроен Ц3, Н.А. (39) од Скопје, кои со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница Св.Наум Охридски.

„Кај Е.С. и Н.А. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Кај М.С. биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош била пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде била задржана на понатамошно лекување“, информираа од полицијата.

Поврзани новости