Излегле од ресторан без да ја платат сметката, правдајќи се дека некој ги украл парите

by Фокус

Вработена во ресторан во центарот на Скопје вчера по полноќ пријавила дека во ресторанот дошле машко и женско лице, кои недолично се однесувале.

„Машкото лице фрлило две менија на земја и по пет минути го напуштиле ресторанот без да ја платат сметката. Вработената излегла по нив со сметката и им укажала дека не платиле, но машкото лице почнало да вика и да тврди дека ја платиле сметката и дека некој ги украл парите“, објаснуваат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости