Против 30-годишниот Д.К. од Неготино е поднесена кривична пријава за „даночно затајување“. Како што велат од полицијата во период од три години Д.К. заработил 200.000 евра како посредник за вработување во странство, но не го навел профитот во годишната даночна пријава.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “даночно затајување“.Во текот на 2014, 2015, 2016 и 2017 година, пријавениот преку социјалните мрежи “Фејсбук” и “Пазар 3” нудел услуги за посредување при вработување во западноевропските земји, при тоа од заинтересираните лица, за надомест и провизија, и судски превод наплатувал од 20.000 до 50.000 денари, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 12.008.038 денари, кои не ги навел во годишната даночна пријава. На овој начин пријавениот му нанел штета на Буџетот на РМ, од 1.176.110 денари“, велат од полицијата.