Запознајте го новиот Пежо 208: Моќен, атрактивен и атлетски граден

by fokus

Иако првата генерација на моделот 208 на сите нам ни е познат уште од 2012 год, приказната за овој модел датира уште од дамнешната 1983 год и е поврзана со моделот 205. Токму овој модел, поради своитe покрај останатото  одлични резултати во продажбата, е причината да PSA продолжи со понатамашен развој токму на овој концепт на возила. Следеше моделот 206 во 1998 год, моделот 207 во 2006, па споментата прва генерација 208, шест години подоцна.

Меѓутоа сето ова беше вчера. Денес, осум години подоцна, зборуваме за втората генерација на моделот 208, каде што Peugeot промени многу. Нова платформа, но исто така и нов дизајн.

Како што споменав и на почетокот, Peugeot има испишано историја со претходните модели. И’ имал тешка задача…треба да ја оправда историјата, а воедно да ја предвидува и создава иднината.

„“Unboring the future” – новиот потпис со кој Peugeot го дава своето ветување дека иднината нема да биде здодевна. Со ова брендот алудира на тоа дека предизвикот е прифатен и модел по модел започнува да ги претставува возилата на  иднината. Постојат одредени елементи кај новиот Peugeot 208, за кои е вредно да го добие вашето внимание.

Ние сме подготвени да ги задоволиме барањата на најпребирливите клиенти. Јасно ја следиме нашата стратегија за репозиционирање на брендот неколку склалика повисоко, а со тоа смело предизвикуваме потенцијални клиенти од премиум круговите.“ – изјави Ивана Манчева Михајловска, Маркетинг директор.

Малиот лав е моќен, атрактивен и атлетски граден. На улица, ќе биде забележителен во секоја прилика.

На предната маска, доминираат светла во форма на лавовски заби. Предни светла, кои се земени од многу поголемиот брат Peugeot 508. Решетката од напред е голема и хромирана, со дизајн кој го надополнува енергичниот изглед на возилото. Странично имаме атлетски градено возило, а неговата вкупна должина изнесува 4m и 6cm, што е за импресивни 9cm повеќе од моделот од претходната генерација. Новиот 208, во висина е за 3cm е понизок и 6cm е поширока во однос на претходниот модел. (висина 1.430mm, ширина 1.745mm) Со новите димензии поставен на новата модуларна CMP (Common Modular Platform), новиот 208 има и подобро однесување на патот и поголем конфор за патниците.

Одзади најпрво се забележуваат стоп LED светлата во форма на лавовски канџи. Станува збор за 100% Led светла, вклучени и дење и ноќе, со цел да бидете забележани во секое време и при секакви услови на патот од сите учесници кои се наоѓаат зад вас. Истото е пред сè од безбедносен анспект, но со тоа дополнително се зголемува шармот на возилото.

Внатрешноста, ќе се уверите и сами. Како да го гушка возачот, ќе ве освои уште од првото запознавање… Тронот припаѓа на револуционерен 3D i-Cockpit, за прв пат е интегриран во овој модел. 3D инструмент табла со холограмски приказ. Две површини, поставени една зад друга кои истовремено прикажуваат податоци согласно приоритетот/важноста. 10’’ eкран на допир, позициониран соодветно на возачот. Чист и современи линии на столбот на кој се поставени прекинувачи/дирки, кои се скратена патека до командите кои сакате да ги зададете….

Прогресивен, компактн и мал управувач со „спуштена спортка“ позиција (по кој брендот е единствен), го крева конфорот на едно многу повисоко ниво. Наша препорака е правилно да го позиционирате управувачот и седиштето, да ја имате целата прегленост на инструмент таблата и околината и да направите тест возење со новиот 208. Само така ќе можете да почувствувате вистинските придобивки на овие револуцинерни изуми на инжинерите и дизајнерите на Peugeot.

„Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите. Воедно, новиот 208 е богато опремено возило, со најнови технолошки иновативни решенија кои досега можеа да се сретнат во моделите од повисоките сегменти, со одлични возни својства и беспрекорно држење на патот.

Се поставува прашањето, кому е наменет овој модел?

Одговорот е мошне едноставен, наменет е на сите! Без разлика на полот мажи/жени и без разлика на возраста, новиот Peugeot 208 е наменет на сите.“ – изјави Томислав Нафидов, Директор на продажба.

Новиот Peugeot 208 нуди цела гама на мотори од последната генерација која што ги исполнува побарувањата на Еуро 6 нормите.

Кога станува збор за бензиските PureTech мотори, се работи за трицилиндричните 1,2 литарски мотори, кои испорачуваат сила од 75, 100 и 130 КС. Во однос на менувачите, во понуда се достапни два мануелни менувачи, 5-то степен и 6-то степен, како и автоматскиот менувач со 8 брзини. Дизелскиот Bluе HDI четирицилиндичен 1,5 литарски мотор испорачува сила од 100 КС. Овој мотор е придвижуван од 6-то степен мануелен менувач.

Новиот 208 е автомобил кој што не е само атрактивен.  Тој е и економичен и динамичен. Потрошувачката не би ја искажувале во бројќи, бидејќи истата е во директна корелација меѓу: типот на моторот, начинот на возење, навременото менување на брзини, товарот во возилото, користењето на греење/ладење, условите на патот итн…

Во однос на бројната технологијата вградена во новиот лав, вредно е да се спомене:

  • 3D инструмент таблата – иновација чие што прво појавување е резервирано токму кај nовата 208ца;
  • 10’’ екран на допир кој може да се контролира преку гласовна компанда, компандите на управувачот, преку допир или преку 7те дирки за брз пристап;
  • 3D навигација;
  • Mirror screen;
  • Простор за безжично напојување на телефонот;
  • Новиот систем Drive assist кој овозможува полу-автономно возење со помош на опрема од најновата генерација, најдобра во овој сегмент;
  • Потоа тука се адаптивниот темпомат со функција Stop&Go, системот за задржување на возилото во коловозната лента, Park Assist системот, напредниот систем за препознавање на знаци на патот;
  • Електричната паркирна сопирачка итн…

Новиот Peugeot 208 се нуди во 4-ри новоа на опременост – Like, Active, Allure и GT Line.

Цената на моделот се движи од 12.990€ за бензискиот PureTech мотор со 75 КС, па се до 22.660€ за GT-Line изведба со бензиски PureTech агрегат со 130 КС и 8 степен автоматски менувач.

 

Поврзани новости