415
Со помош на белгискиот дипломат експерт Питер ван Хоутен, работна група составена од членови на политичките партии од денеска започнуваат да го спроведуваат договорот за надминување на политичката криза.
Според неофицијалните информации, прва тема на која ќе се работи е Државната изборна комисија, која се најде во забелешките од извештајот на Рајнхард Прибе, со препорака да биде составена од непартиски членови.
Опциите што треба да се разгледуваат се движат од реконструкција на ДИК, до комплетно распуштање и формирање на ова главно изборно тело од почеток.