537
Откако синоќа на полноќ беше избрана новата влада предводена од премиерот Зоран Заев, денеска е закажано примопредвање на дел од министерските функции.
Новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово официјално ја презема должноста министер за внатрешни работи од досегашниот Агим Нухиу.
Во текот на денот, Пиштар Љутфиу– досегашен министер за образование и наука ќе и ја предаде министерската должност на новоизбраната министерка Рената Тренеска Дескоска.
Попладнево во 12:30 часот во Министерството за одбрана ќе се одржи Свеченост по повод примопредавање на должноста Министер за одбрана. Се очекува Радмила Шекеринска да ја преземе должноста министер за одбрана.