521
Експертскиот тим на информатичари денеска ја заврши валидацијата на базите на податоци од МВР и од 10 други државни институции и ДИК започна со вкрстена проверка по која треба да се добие новиот ажуриран Избирачки список.
Информатичарите велат дека работата се одвива според планот, дека претходно било извршено конвертирање на дел од базите кои биле примени во различен формат и фонт, но и дека тоа не биле неочекувани проблеми.
Денеска членовите на ДИК и експертскиот тим имале средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и со дополнителниот заменик министер Чавков со цел меѓусебно информирање за тоа какви се податоците во базата што ја достави Министерството.