Започна судскиот процес против возачот што на Партизанска ја усмрти Фросина Цековска

by Фокус

Денеска започна судскиот процес против Љубомир Видојковиќ, кој пред една година со возило „хонда“ ја прегази Фросина Цековска на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Основното јавно обвинителство  бара осудителна пресуда. Според обвинителството Видојевиќ се товари дека сторил две кривични дела и тоа за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 во врска со член 297 ст.1 и кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик.

Во судницата по воведните зборови на Обвинителството, на осомничениот и неговиот бранител, се пристапи кон изведување на предложените докази.

Од страна на Обвинителството до Основниот суд доставени се предлог докази во насока на потврдување на основаноста на поднесениот обвинителен акт.

Поврзани новости