Започна протестот на „Тврдокорните“ за одбрана на македонштината

by Fokus

Започна протестниот марш на Здружението „Тврдокорни“, кое е со цел одбрана на македонштината.

Тие во својата најава за протестот, претходно истакнаа дека секој Македонец е должен да земе учество во одбрана на загрозените македонски национални вредности.

– Петтоколонашите одеднаш широко ги отворија вратите за влез на сите новообновени хегемонистички барања од соседните држави кон Македонија. Ни се закануваат со целосно освојување на нашиот национален простор. Ни се закануваат со менување на историјата класифицирајќи ја како подбугарска. Во сопствената држава спроведуваат и ни се закануваат со уште подлабоко подредување на албанското малцинство. Ни се закануваат со бришење на македонското име и сегашниот личносен идентитет. Ни се закануваат со претопување со бројна исламска миграција… Закани санкционирани со судски казнувања. Казнувањето е веќе започнато… со притворањето на македонските браќа кои во Собрание ги бранеа националната чест и Уставот на Македонија – се наведуваше во нивното соопштение.

Фото: A1он

Поврзани новости