СДСМ: Заврши времето кога моќници од ДПМНЕ нарачуваа казни, хилти и ,,пиштење вриштење” врз фирмите

by Fokus 18:14
18:14

Владејачката СДСМ излезе со реакција на пресконференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во која од опозицијата обвинија дека се прави рекет врз приватниот сектор.

– Заврши времето кога моќници од ВМРО-ДПМНЕ нарачуваа казни, хилти и ,,пиштење вриштење” врз фирмите. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку партизираните институции се пресметуваше со неистомислениците. Државните институции работат одговорно професионално и според законите коишто важат за сите физички и правни лица подеднакво – велат од партијата.

- Advertising -
"

Од СДСМ, уште додаваат дека завршиле репресијата, селективноста и притисоците што институциите под контрола на Никола Груевски ги правеле врз приватниот сектор.

Поврзани новости