492
Започна протестот по повод Први мај во организација на Повелбата за солидарност во која дел е и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници(ССНМ). Тие маршот го започнаа на плоштадот Карпошово востание, а ќе продолжат кон Собранието и Владата.
Може да се забележат транспаренти како „Неуката е 1000 5 поскапа(на) уката“ и „Образуваме деца за туѓи бели дворови“. Пораката на овој марш е дека новинарството не смее да биде слабо платена и несигурна работа.
На протестот присутна е и пратеничката Ирена Стефоска, која во Собранието влезе преку листата на СДСМ, како претставничка на граѓанскиот сектор.