655
Под македонското, албанското, српското и ромското знаме, започна маршот на СДСМ во Куманово, јавува порталот Плусинфо. На чело на колоната е претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а мирниот марш е за повторно враќање на вистината, слободата и демократијата во Македонија.
Овој марш е прв во низата маршеви организирани од опозицијата кои во наредниот период ќе се одржуваат низ цела Македонија. Колоната ќе се упати до плоштадот во центарот на Куманово, каде Зоран Заев ќе им се обрати на граѓаните.
фото: Плусинфо