„Наш специјалист“, нов проект на Министерството за здравство

by Фокус

-Министерството со патен налог ќе упатува доктор специјалист од една во друга јавна здравствена установа до три дена односно најмногу до пет дена, во текот на месецот, со цел надминување на проблемите во здравствениот систем како резултат на недостиг на определени специјалисти во определени подрачја на државата, рече министерот за здравство, Никола Тодоров на денешната презентација на новиот проект „Наш специјалист“.

Тодоров посочи дека проблемот со недостиг на специјалисти во одредени подрачја е создаден како резултат на недоволен број вработувања во минатото или недоволен број специјализации од различни области односно неводење сметка за човечките потенцијали во здравството кои се столб на секој здравствен систем.

Според министерот, трајното решение е создавање на доволен број кадри од секоја област, но бидејќи за тоа требало подолго време, проектот „Наш специјалист“ ќе помогне да се ублажи овој проблем со тоа што ќе се намали времето на чекање, а ќе се зголеми квалитетот на здравствената услуга.

Поврзани новости