Започна маршот на СДСМ во Битола

by Фокус

Голем број битолчани излегоа на улиците и заедно со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, маршираат за враќање на, како што велат од СДСМ, вистината и слободата. Маршот ќе заврши на Широк Сокак, каде ќе се обрати претседателот на СДСМ, Заев, како и претседателот на ЛДП Горан Милески и потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацоски.

Инаку, денеска во Битола опзицијата ја презентираше деветнаесетта „бомба“, а пресот го водеше Васко Ковачевски, претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола.

 

Фото: Револуционер

Поврзани новости