611
Точно на полноќ заврши дваесетдневната изборна кампања за десеттите парламентарни избори од осамостојувањето на Македонија, во која кандидатите ја презентираа својата понуда пред граѓаните. Изборниот молк ќе трае до среда до 21 часот.
За првпат досега гласањето ќе се одвива три дена. Во понеделник гласаат лицата кои се во изолација поради епидемијата на коронавирусот, а во вторник болните и изнемоштени лица.
На парламентарните избори учествуваат 15 коалиции и политички партии, за кои граѓаните ќе можат да го дадат својот глас.