Детално метео: Од денес пониски температури и северен ветер

by Фокус

Денес времето ќе биде сончево и малку посвежо за развика од изминатите денови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места и тоа, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на оние кои ги имавме до вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните неколку денови ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено на планинските места. Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенцениција на постепен пораст, но некој екстремно високи температури не се очекуваат, што значи истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости