Италјанската полиција во водите на Јадранско Море, кај Отранто запленила 700 килограми марихуана и уаспила двајца албански државјани.
Aкцијата е реализирана во соработка со албанската гранична полиција од приморскиот град Валона,која по добиените информации по оперативен пат, почнала да го следи моторниот чамец во кој била дрогата.
Откако чамецот успел да избега и да навлезе во меѓународните води, биле известени италијанските власти, по што продолжила координирана акција.
– Како резултат на ангажираоста на полициите на двете земји успешно е реалзиирана акција за спечување недозволена трговија со дрога,во која, во близина на Сант Андреа,Отранто запленет е моторен чамец натоварен со 700 килограми марихуана. Уапсени се двајца албански државјани Д.Г(22) и А.Р.(30). Истрагата продолжува од двете страни на Јадранот со цел откривање на други лица вмешани во ова криминално дело,- соопшти албанската полиција.
Во него се додава дека албанската полиција, во соработка со меѓународните партнери останува посветена во максималната ангажираност за сузбивање на секоја незаконитост и го повикува секого кој има информации анонимно да пријави на бесплатниот телефонски број 112 или дигиталниот комесаријат.
Во изминатиот период од годинава, албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленето околу 40 тони марихуана произведена во Албанија. Поголемата количина од запленетата дрога е од италијанската полиција.