Запленети 53 килограми марихуана кај Прилеп

by Fokus

Полицијата вчера приведе 46-годишен дилер на дрога од село Калишта, при што заплени 53 килограми марихуана.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, вчера во 13 часот во близина на село Старо Лагово од слобода го лиши Ф. Д. (46) од село Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“.

– На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен, се вели во соопштението од МВР.

По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Поврзани новости