632
Во текот на денешниот ден, полицијата заплени одредена количина муниција на улица „Светан Димов“, а пронајдените предмети се дадени на вештачење.
„На 02.07.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација и содејство со Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми. Извршен е увид, а пронајдените предмети се дадени на вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот кој претставува кривично дело казниво по член 396 од Кривичниот законик“, велат од МВР.