Судот завзема страна на судењето за “Топлик”, предупредува Коалицијата “Сите за правично судење”

by fokus

Од Коалиција „Сите за правично судење“ реагираат на однесувањето на судечкиот совет на судењето за случајот “Топлк”, отворен од СЈО,стравувајќи дека советот кој треба да биде непристрасен, завзема страна.

-Обвинетите се теретат дека постапиле спротивно на Законот за јавни набавки со тоа што избрале понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Јавниот
обвинител со листата на докази при поднесување на обвинителниот акт за овој предмет предложи вештачење кое што беше изготвено од страна на вештак кој во моментот на изготвување на вештиот
наод и мислење бил со истечена лиценца. На рочиштето одржано на 28.02.2020 година, во Основниот кривичен суд во Скопје, од страна на одбраната на обвинетите беше поднесен приговор на вештачењето предложено од страна на застапникот на обвинението дека истото не треба да биде изведено како доказ
бидејќи вештакот во време на изготвување на вештиот наод и мислење немал валидна лиценца, како и поради тоа што вештачењето било направено без присуство на обвинетите и нивните бранители. По
однос на приговорот даден од одбраната, судечкиот совет донесе решение со кое одби да биде изведено вештачењето предложено од страна на јавниот обвинител бидејќи судот смета дека истото претставува незаконит доказ со оглед на фактот што вештото лице во моментот на изготвување на вештачењето
немало лиценца, односно истата била истечена, информираат од Коалицијата.

Оттаму појаснуваат дека на друго рочиште јавниот обвинител побарал судот да издаде наредба за да се изготви ново вештачење со оглед на тоа што лиценцата на вештакот во овој момент е валидна и нема никаква пречка вештачењето да биде изготвено одново. Од судечкиот совет ваквиот предлог бил прифатен и била издадена наредба за ново вештачење.

-Ваквото постапување на судечкиот совет освен што не е целосно во корелација со одредбите од Законот за кривичната постапка во делот на надлежностите за начинот на кој судот може да издаде наредба за вештачење, истото влијае и на непристрасното водење на постапката. Од аспект на начелото на непристрасно водење на судската постапка, судот има обврска да остане и ја задржи улогата на
независен арбитар во постапката, при што не смее да зазема страна во текот на истата, односно судот е должен да гарантира еднаков натпревар помеѓу странките во постапката без притоа да биде оставен впечаток кај јавноста дека на една или друга страна во постапка помага да се докаже теоријата на случај
која странката ја застапува, појаснуваат од Коалицијата.

Дополнителна дилема која се отвара по повод ова прашање, според нив, е „вонредно“ брзата подготовка на новото вештачење од страна на вештото лице, кое што впрочем, како што беше посочено на денешното рочиште и од самиот суд, е идентично како и претходното.

-Законот за кривичната постапка ги предвидува точните околности под кои судот може да издаде наредба за вештачење во текот на постапката. Конкретно, ова е уредено во чл.236 ст.3, каде е предвидено декана главна расправа, судот може да издаде наредба за вештачење согласно членот 394 ст.2 од овој закон.
Во овој член пак, членот 394 од ЗКП децидно е наведено дека судот може да издаде наредба за супервештачење кога доказната постапка е во фаза на дополнение, што не е апликативно во овој случај, бидејќи конкретниот предмет се наоѓа во фаза на изведување на докази од страна на одбраната на обвинетите.

Она што дополнително остава „дамка” на водењето на оваа кривична постапка, а во насока на повреда на правото на фер и правично судење согласно меѓународните стандарди со кои им се гарантира правото
на обвинетите во текот на судењето да ги уживаат сите права согласно Уставот, законите и меѓународните конвенции, е фактот што согласно закон, предвидено е дека судот може да издаде наредба за вештачење на начин што вештакот го определува по електронски пат, со примена на правилото на „случаен избор” од регистарот на вештаци, во присуство на двете странки, односно на јавниот обвинител и бранителот. Што овде не е случај, бидејќи новото вештачење е изготвено од страна на истото вешто лице, реагираат од Коалицијата.

Во случајот „Топлик“ првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Поврзани новости