Царинските службеници вчера околу 22:30 минути спречиле шверц на 29 килограми марихуана на граничниот премин Блаце, на излез од Македонија. Дрогата била пронајдена во возило со албански регистерски таблички, скриена во посебен букер на подот.
-При контрола на возилото, во која било користено и царинско куче, царинските инспектори забележале одредени неправилности на подот од возилото. По отстранувањето на седиштата и теписонот од подот на возилото, забележале дека лимот е свежо обоен и дека по целата должина под подот од возилото има специјално направен бункер, наполнет со вкупно 29 пакетчиња со наркотична дрога марихуана со вкупна тежина од околу 29 килограми, соопштина од Царинската управа.
Дрогата требало да биде однесена до Германија, а нејзината цена на западно – европскиот пазар би достигнала вредност од околу 120.000 евра.
Случајот е предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кои по собирање на сите докази, до надлежното Јавно обвинителство ќе поднесат кривична пријава против осомничениот Б.Г., држајванин на Албанија, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.