Запленет и чаталот на Шарената револуција

by fokus

Возачот на комбето со музика на Шарената револуција се уште е на распит во полициската станица „Пролет”. Полицијата по завршувњето на протестите привела неколкумина демонстранти, но само шоферот Џовани бил задржан на испрашување.

Полицијата го заплени „пикапот” на Шарената револуција, во кој се превезуваше и рачниот чатал- најмоќното оружје на демонстрантите со кое од далеку фрлаат боја.

13342422_10209937637462723_659052382_n

Стотици граѓани ја блокираа улицата пред полициската станица и бараат ослободување на нивниот соборец.

Бараат објаснување за приведувањето и скандираат „Многу ни е добар чаталот“ и „Вака повеќе не обединувате“.

Поврзани новости