455
Возилото на новинарот Зоран Милошески е запалено после полноќ од непознати сторители. Како што соопшти новинарот на својот фејсбук профил, возилото марка „сузуки свифт“ било паркирано во гаражата. Откако соседите го виделе пожарот интервенирала противпожарната единица.
„Возилото е целосно уништено. Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени“, напиша Милошески.
На крајот од јануари минатата година непознати сторители нешто околу полноќ ја беа полиле со бензин и запалиле гаражата на Милошески во Прилеп.
Милишески е новинар и сопственик на порталот „Публикум“.